Утрински Весник
Свет

Курц очекува нормализирање на ситуацијата со Ковид – 19 следното лето

Курц очекува нормализирање на ситуацијата со Ковид – 19 следното лето
Dik 300x250 mk

Конзервативниот канцелар на Австрија, Себастијан Курц, изјави денеска во Виена дека очекува ситуацијата да се нормализира следното лето, по тешката есен и зима кои ќе бидат одбележани со пандемијата на коронавирус.

„На кратко, би рекол дека врз основа на она што го знаеме денес, веројатно е дека следното лето би можело да биде нормално“, рече тој пред новинарите.

„Но, во исто време, мора да ни биде јасно дека наредните месеци ќе бидат тешки, со почетокот на учебната година, зимата и со бројните активности кои од отворено ќе се преместат во затворен простор. А доаѓа и сезоната на грип”, додаде тој.

Во Австрија оваа недела има по рекордни 300 нови случаи дневно.

Виена многу рано донесе одлука да го ограничи движењето, на средината на март, и започна со олеснување на мерките од средината на април, прво со отворањето на продавниците, потоа кафулињата, рестораните и театрите, а во јули донесе обврска за носење маски во продавниците.

Од почетокот на епидемијата, според официјалните податоци, од Ковид-19 во Австрија починале 733 лица, а заболеле околу 26.400.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија