Утрински Весник
Свет

Во Словенија 42 нови случаи на коронавирус

Во Словенија 14 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 42 нови случаи на коронавирус од 1.338 тестови, што е девет случаи повеќе од претходниот ден, објави словенечката влада.

Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 2.797 година, а во моментот има 428 активни случаи. Бројот на починати од Ковид-19 е 133, објави Министерството за здравство на Словенија.

Во моментов се хоспитализирани 22 пациенти, од кои еден е на интензивна нега.

Најголем број на нови случаи во последните 24 часа имало во Цељe и Марибор (по пет случаи) и во Љубљана, каде се регистрирани четири нови случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Сè уште не сме го употребиле „целото наше напредно оружје“

Хамнеи ќе биде погребан во светиот град Машхад

Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, вели Трамп