Утрински Весник
Македонија

За крводарителите не е задолжителен тест за коронавирус

За крводарителите не е задолжителен тест за коронавирус

Седумдесет лица утрово дарувале крв во Домот на АРМ во рамки на традиционалната крводарителска акција која истовремено се одвива и на пункт на Матка. Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина вели дека тестирање за Ковид – 19 не е задолжително пред дарувањето крв.

„Крводарителите не ги тестираме затоа што сметаме дека тоа е дополнително оптоварување. Доволно е само тие да се чувствуваат здрави. Апелирам крводарителите да не се плашат од пандемијата. При дарувањето се одржуваат сите протоколи, сите мора да носат маски, се одржува растојание од два метра, се прави дезинфекција на раце, а дополнително ние имаме и прашалник за сите крводарители во кој треба да наведат дали имале контакт со некој заболен, дали патувале во странство. Оние кои имале контакт или патувале во странство треба да направат пауза пред да даруваат крв“, вели Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина.

Меѓу крводарителите побројни се мажите, па Димитриевски ги охрабри жените да даруваат крв и да ја стигнат по бројност групата на мажите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!