Во интервју за „Холивуд репортер“, 44-годишната актерка Кејт Винслет открива дека морала да научи како да нурка за улогата во „Аватар 2“ и додава дека тоа било неверојатно искуство.
„Моето најдолго задржување на здивот под вода беше седум минути и 14 секунди,“ вели Британката.
Во меѓувреме, продуцентот Џон Ландау претходно откри дека е воодушевен од тоа колку брзо Кејт ја совладала новата вештина.
Тој неодамна рече: „Направивме резервоар што собира 500.000 литри вода со цел да снимаме сцени на површината на водата но и под неа. Ги обучивме актерите на слободно задржување на здивот, бидејќи во некои кадри тие мораа да бидат под вода подолго време.“
„Еден господин, Кирк Крак, ги обучи сите како да се движат под вода и како да го задржат здивот. Кејт Винслет мораше да го тренира ова и таа успеа да стигне до статички здив од нешто повеќе од седум минути.“
„Аватар 2“, продолжението на научно-фантастичниот блокбастер на Џејмс Камерон, се снимаше во Нов Зеланд.