Утрински Весник
Македонија

Му ја одбила понудата за брак, па ја уценувал со компромитирачки снимки

Му ја одбила понудата за брак, па ја уценувал со компромитирачки снимки

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен кумановец, поради сомнение за сторено кривично дело “уцена“.

Пријавениот, во периодот од 2019 и 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената, при што во тој период, без нејзино знаење, направил снимки со компромитирачка содржина.

Во април годинава, откако оштетената ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки и заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество