Утрински Весник
Свет

Мртви делфини пронајдени на плажа во близина на местото каде што се излеала нафта

Мртви делфини пронајдени на плажа во близина на местото каде што се излеала нафта
Dik 300x250 mk

Седум мртви делфини се пронајдени на плажа на Маврициус, објави владата, еден ден по откривањето на 17 трупови во близина на нафтената дамка од јапонскиот брод кој се насукал на корален гребен.

„Утрово, пронајдовме уште седум делфини во состојба на распаѓање“, рече Јасвин Сок Ападу од Министерството за риболов.

Резултатите од обдукцијата на 17 делфини пронајдени во средата ќе бидат познати денес.

Нафтената дамка потекнува од јапонскиот товарен брод „МВ Вакашио“, кој се насукал на 25 јули и една недела подоцна почнал да испушта нафта. Бродот бил потопен во понеделникот.

„Гринпис“ ја повика владата на Маврициус да отвори итна истрага за да се утврди причината за смртта на делфините и дали тоа има врска со истекувањето на нафтата од „Вакаши“.

Научниците предупредуваат на огромна еколошка катастрофа која  со децении би можела да влијае негативно на економијата на островската држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија