Утрински Весник
Свет

Повратниците од одмори направија проблем во Австрија

Во Србија, 396 нови случаи на зараза, починаа 11 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 328 нови случаи на коронавирус, од кои 130 се во Виена.

Во Виена, како што беше соопштено, за сголемувањето на бројот на новозаразени „виновни“ се повратниците од одмор, пред се од Хрватска, Турција и Косово.

Исто така, има многу такви кои се заразиле од вирусот додека биле на одмор во некоја друга австриска покраина.

Во Австрија моментно има 3.104 активни случаи, од кои 145 се хоспитализирани.

Во текот на изминатите 24 часа биле направени 14.044 тестови, 4.934 повеќе од претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 26.187 лица биле тестирани како позитивни за коронавирус, од кои 22.317 се излечени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин