Утрински Весник
Македонија

Седум смртни случаи и 89 новозаразени со Ковид-19

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2 и двајца во Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Неготино-2 и еден од Ресен.

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (65, 72 и 84 години), еден од Прилеп (65), еден пациент од Тетово (62), еден од Гостивар (74) и еден пациент од Кичево (58). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.697. Денес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 5.821, активни 847
• Куманово 1.420, активни 371
• Дебар 243, активни 78
• Штип 1.119, активни 214
• Прилеп 435, активни 92
• Тетово 1.202, активни 179
• Струга 553, активни 59
• Велес 265, активни 26
• Битола 199, активни 41
• Охрид 331, активни 30
• Кавадарци 173, активни 71
• Гостивар 761, активни 269
• Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 59, активни 21
• Крива Паланка 39, активни 11
• Радовиш 41, активни 12
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 138, активни 25
• Пробиштип 78, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 17
• Македонски Брод 70, активни 20
• Пехчево 15, активни 9
• Берово 50, активни 41
• Валандово 8, активни 1
• Виница 64, активни 36
• Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 1
• Свети Николе 281, активни 58
• Кичево 268, активни 75
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80, а на кислородна поддршка се 54 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 позитивни деца, како и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се пет лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 лица, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според новите податоци, бројот на активни случаи по скопските општини денеска е следен:

• Чаир – 110
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 101
• Карпош – 86
• Центар – 90
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 19
• Сарај – 28
• Арачиново – 16
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 5
• Нераспределен – 1

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април