Утрински Весник
Економија

Пристигнуваат потребните материјали за изградба на фотоволтаична централа во РЕК Осломеј

Пристигнуваат потребните материјали за изградба на фотоволтаична централа во РЕК Осломеј

Генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски, ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на ЕСМ.

Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали, информираат од компанијата.

„Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата со Ковид-19 и политичките случувања во земјата“, се наведува во соопштението.

Според развојната стратегија на АД ЕСМ на површини во рудникот на РЕК Осломеј, предвидена е изградба на две фотоволтаични централи.

Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК Битола.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст