Утрински Весник
Свет

Трамп бара допинг-тест пред дебатата со Бајден

Трамп бара допинг-тест пред дебатата со Бајден

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе побара допинг-тест пред дебатата со Џо Бајден, затоа што има сомнежи во врска со здравјето на неговиот противник од редовите на демократите.

Без да презентира докази за тоа тврдење, Трамп во интервју за „Вашингтон егземајнер“ рече дека бил заинтригиран од ненадејното подобрување на настапите на Бајден (77) во дебатите на предизборните митинзи на демократите, пишува „Би-би-си“.

Трамп изрази изненадување од успехот на Бајден во последната дебата со Берни Сандерс во март.

„Го гледав во дебатите со сите тие луѓе. Не знам како можеше да биде некомпетентен, а против Берни беше океј“, рече Трамп.

Актуелниот американски претседател, исто така, рече есента 2016 година дека неговата тогашна противкандидатка од демократите, Хилари Клинтон, можеби е на дрога.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп