Утрински Весник
Македонија

(Видео) Љутков: Веднаш да се исплати јулската плата на културните работници

(Видео) Љутков: Веднаш да се исплати јулската плата на културните работници

Културата се бори за преживување. Денес, културните работници се сè уште без плата, а нема ниту најава кога или како ќе им се реши прашањето. Јулската плата веднаш мора да биде исплатена, изјави Зоран Љутков, претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„Помпезно промовираниот Колективен договор во предизборието, се покажа дека бил само во функција на предизборната кампања. Уште тогаш алармиравме дека неговото потпишување по донесувањето на буџетот за 2020 година, без обезбедени финансиски средства и со негова примена со одложено дејство, денес се поврдува дека тој имаше една единствена цел – добивање изборни поени. Згора на тоа, не обезбедувањето на потребните средства и по два, нагласувам два ребаланси на буџетот годинава, го потврдува фактот дека Колективниот договор беше само манипулативен трик за целна група, а во случајов културните работници“, рече Љутков.

ВМРО – ДПМНЕ инсистира власта да не губи ни еден ден повеќе и да ги обештети, како што кажа тој, излажаните работници во културата.

„Со замирање на културата замира државата. Односот кон културата денес, го покажува односот кон сите граѓани утре. Јулската плата веднаш мора да биде исплатена. Владата ги крши своите закони. Тоа е комплетен дилентатизам“, рече Љутков.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите легитимни форми на изразување на револт, сè до постигнувањето на крајната цел – разрешување на сите тековни, правно-административни и финансиски проблеми кои, како што рече, во време на пандемија уште толку го отежнуваат личниот и професионалниот живот на илјадници културни работници во државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Санкционирани 185 возачи во Скопје

Лишени од слобода две лица: Пронајден пиштол и криумчарена стока во село Побожје

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција