Утрински Весник
Спорт

Браќата Брајан заминаа во пензија

Браќата Брајан заминаа во пензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американските тенисери Боб и Мајкл Брајан објавија крај на кариерите. Браќата Брајан се најуспешниот машки дубл во историјата на тенисот, на големата сцена минаа 22 години.

Близнаците кои имаап по 42 години во пензија ќе заминат со 119 заеднички титули. Заедно освоиле 16 Грен слем трофеи и 39 титули на Мастерс турнирите.

Тенисерите од Калифорнија на првото место на АТП листата на најдобри дублови минале вкупно 438 недели. Тие се единствениот дубл што го освоил „Златниот мастерс“ кога во 2014 година победија во Шангај.

Имаат и златен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а со САД во 2007 година ја освоија титулата во Дејвис купот.

Во пензија заминуваат со трофеј, пред да биде прекината сезоната поради коронавирусот, браќата Брајан во февруари победија на турнирот во Делреј бич.

> Браќата Брајан заминаа во пензија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028