Утрински Весник
Македонија

(Видео) Димитриеска – Кочоска: Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра

(Видео) Димитриеска – Кочоска: Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра

Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, обвини Гордана Димитриеска – Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа кажа дека постојат сомнжеи дека уште пред три години биле делени кредити на компании без покритие.

„Имаме апсолутен молк од власта и очигледна намера да се сокрие аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра. Владата бега од темата на кои компании блиски до власта им биле делени кредити без покритие. Нашите сомнежи говорат дека кредити без покритие биле делени на компании уште пред три години. Тие кредити биле давани на компании кои биле основачи на други компании и тоа без прецизни и издржани планови за отплата. Кредитите биле наменети за изградба на згради и станови. Тие кредити се давани и на повеќе струмички компании блиски до власта, без соодветни хипотеки. Кога е направена ревизија и активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката“, кажа Димитриеска – Кочоска.

Оттука, додаде таа, се поставува прашањето што правеле државните институции задолжени за контрола на банката? Освен министерката за финансии, прашува Димитриеска – Кочоска, кои други луѓе од власта пред време ги извадиле парите од банката?

„Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички компании се богателе со кредити без покритие од банката, што денес имаме 100 илјади блокирани сметки, бизниси кои стојат, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени. За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Тоа значи крах и фијаско економија“, обвини Димитриеска – Кочоска.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја