Утрински Весник
Спорт

Меси прв пат снимен во јавноста откако објави дека ја напупта Барса

Меси прв пат снимен во јавноста откако објави дека ја напупта Барса

Лионел Меси пред два дена побара трансфер, сакал кариерата да ја продолжи во некој друг клуб. Неговата (не)очекувана одлука предизвика хаос на „Ноу Камп“, паѓаа оставки на раководните позиции и во Управниот одбор, новиот тренер Роналд Куман не знае со кои играчи ќе ја започне сезоната, а навивачите два дена протестираат пред клупските простории.

Шпанските медиуми тврдат дека одлуката на Куман буквално да го протера од клубот Луис Суарез имала големо влијание врз одлуката на Меси.

Аргентинецот по писмен пат го известил клубот дека бара договорот да му биде раскинат. Два дена го немаше во јавноста, а синоќа „Ел Чирингито“ го улови на тајна вечера со најдобриот пријател Луис Суарез.

Според новинарот веројатно е дека ова била проштална вечера на двајцата пријатели, бидејќи е извесно дека повеќе нема да бидат соиграчи. Меси се поврзува со Интер, ПСЖ и Манчестер сити, додека за Суарез се шпекулира дека ќе се пресели во САД, најверојатно во Интер Мајами.

> Меси прв пат снимен во јавноста откако објави дека ја напупта Барса <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал