Утрински Весник
Свет

(Видео) Судир на светските суперсили – повредени четворица американски војници во Сирија

(Видео) Судир на светските суперсили – повредени четворица американски војници во Сирија

Четворица американски војници се повредени по конфликт со руските војници во североисточна Сирија, јавуваат американските медиуми. Инцидентот се случил оваа недела. Војниците не претрпеле сериозни повреди, претежно благи контузии и потреси, се вели во извештајот на Пентагон.

Потврда за инцидентот доаѓа откако снимките од блиската средба помеѓу американските и руските сили се појавија на Твитер на кое се прикажува возило, кое, наводно, припаѓа на руската страна, паѓа во американската, додека биле следени од руски хеликоптер при низок лет.

Пентагон не ја потврди автентичноста на тие снимки, но во нацртот на нивната изјава потврдуваат дека имало намерно возење на Русин во возило кое припаѓа на коалицијата, односно американски и сојузнички сили во Сирија.

„Неколку руски возила на несигурен начин ја почнаа потерата по Американците“, соопшти Министерството за одбрана на САД.

Иако Доналд Трамп нареди повлекување на американските сили од Сирија, сепак има околу 500 војници, претежно на североистокот на земјата. Заедно со противниците на режимот на Башар ал Асад, тие се борат со остатоците од Исламската држава, и иако руските сили, кои се во сојуз со Асад, се во близина, досега секогаш се внимавало да нема блиски средби меѓу членови на светските суперсили.

Изминатите неколку месеци, Русите почнаа да навлегуваат сè повеќе на теренот што претходно го контролирале Американците, обидувајќи се да ги истуркаат од таа земја.Иако досега имало мали инциденти, тие биле исклучително ретки.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме