Утрински Весник
Свет

Меркел нервозна, Путин го игнорирал сигналот што му го испратила во врска со Навални

Меркел нервозна, Путин го игнорирал сигналот што му го испратила во врска со Навални

Случајот со лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој лежи во кома во германска болница, би можел да биде капка што ја прели чашата на Ангела Меркел.

Бидејќи лидерот на руската опозиција Алексеј Навални лежи во индуцирана кома само неколку минути од канцеларијата на германската канцеларка во Берлин, Ангела Меркел се повеќе се нервира поради рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Блумберг“.

Германската лидерка – која е клучен спроводник на Западот за рускиот претседател – е фрустрирана што Путин не покажал флексибилност во случајот на Навални, велат две официјални лица запознаени со нејзиното размислување, кои побарале да бидат анонимни.

Меркел секогаш внимателно го избира нејзиниот тон кон Русија, но тој се засили. Помалку од два часа откако лекарите во Берлин утврдиле дека Навални, истакнат критичар на Путин, е веројатно отруен, Меркел побарала Путин итно да го испита тоа и да ги идентификува оние кои се вмешани.

Според тие официјални лица, брзината со која реагирала Меркел требало да му испрати сигнал на Кремљ колку сериозно Меркел го сфаќа тоа прашање.

Како и да е, како што наведува „Блумберг“, германската канцеларка сега може малку да стори кога станува збор за Путин. Целата осуда поради руската анексија на Крим не ги промени фактите на теренот, иако Путин беше исклучен од Групата осум најмоќни држави.

А со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп се занимава само со предизборната кампања и со фактот дека последниот мандат на Меркел се ближи кон крајот на следната година, Путин може да си даде за право да се однесува без страв од одмазда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме