Утрински Весник
Магазин

(Видео) Роберт Патинсон и уште тројца ја чуваат тајната на шпионската епика „Тенет“

(Видео) Роберт Патинсон и уште тројца ја чуваат тајната на шпионската епика „Тенет“

Зборот „тајна“ асоцира на најновиот опус во кариерата на еден од најдобрите режисери на денешницата, Кристофер Нолан, а ова особено се однесува на долгоочекуваниот филм, епската акција „Тенет“.

Писателот-режисер на трилогијата „Темниот витез“(Dark Knight), како и ремек делата „Мементо“(Memento) и „Зачеток“ (Inception) во изминатите шест години го изработуваше сценариото за „Тенет“, амбициозна приказна за меѓународна шпионажа со уникатен научно-фантастичен пресврт.

Но, самата приказна во голема мера се чува во тајност – дури и од многумина од актерската екипа.

„Речиси сите актери во филмот освен нас четворица, не го виделе целото сценарио“, изјави Роберт Патинсон неодамна во едно интервју. Другите во привилегираниот квартет се Џон Дејвид Вашингтон, Кенет Брана и Елизабет Дебики.

„Луѓе доаѓаа и снимаа со месеци, и немаа поим што е приказната“, вели Патинсон, и додава дека според него тоа било прилично фасцинантно“.

Тајната природа на проектот е типичен модус операнди во „Синкопи“, продуцентската компанија на Нолан и неговата сопруга и долгогодишна продуцентка Ема Томас.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа

И Дуа Липа во Косово – Со пријателите од Велика Британија “летаа” двоглав орел на фестивалот кој сама го организираше