Утрински Весник
Спорт

Лејкерс и Клиперс не сакаат да играат кошарка

Лејкерс и Клиперс не сакаат да играат кошарка

Кошаркарите на НБА франшизите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс не сакаат да продолжи сезоната. На состанокот на тимовите на кој се дискутирало околу продолжувањето на сезоната Лејкерс и Клипитес гласале за бојкот на сезоната, додека останатите тимови биле против.

На состанокот на играчите, најголемата ѕвезда во лигата Леброн Џејмс рекол дека сака нса клубовите повеќе да се вклучат во целата ситуација и на направат нешто конкретно кога е во прашање расизмот.

Играчот на Мајами Хит Јудонис Хаслем прашал дали може сезоната да продолжи без Лејкерс и Клиперс.

Потоа Леброн Џејмс го напуштил состанокот, а неговиот пример го следеле останатите играчи на екипите од Лос Анџелес.

Американските медиуми пренесуваат дека состанокот заврши „лошо и грдо“ и дека Џејмс не сака да игра кошарка.

Тренерот на ЛА Клиперс, Док Риверс, на своите играчи им предложил да останат во Орландо и да играат кошарка.

> Лејкерс и Клиперс не сакаат да играат кошарка <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Ѓоковиќ не успеа да се пласира во втората недела од „Ролан Гарос“ за прв пат од 2009 година

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ