Утрински Весник
Спорт

Железничар има 11 позитивни на коронавирус, неизвесен мечот со Макаби

Железничар има 11 позитивни на коронавирус, неизвесен мечот со Макаби

Дуелот од квалификациите во Лига Европа помеѓу Макаби Хаифа и Железничар најверојатно нема да се одигра откако во сараевскиот клуб има вистинска епидемија на корона вирус.

Шест фудбалери на клубот од Босна и Херцеговина не отпатуваа во Израел поради позитивни тестови, а сега од клубот потврдија дека по тестирањето при пристигнувањето во Израел тие имале уште 5 позитивни случаи.

Израелските медиуми веќе тврдат дека УЕФА решила да го откаже мечот и да му додели службена победа на Макаби, каков што беше случајот со косовските клубови кои имаа позитивни тестови.

> Железничар има 11 позитивни на коронавирус, неизвесен мечот со Макаби <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите