Утрински Весник
Свет

НАТО повика на истрага за труењето на Навални

Кремљ не гледа основа за да покрене кривична истрага за состојбата на Навални

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика на истрага за заболувањето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, велејќи дека медицинските извештаи за отровната супстанција во неговото тело се сигурни.

„Немаме причина да се сомневаме во наодите на лекарот во болницата, и она што ни треба сега е транспарентна истрага за да се утврди што се случило и да се пронајдат одговорните“, рече Столтенберг пред новинарите во Берлин пред средбата со министрите за одбрана на ЕУ.

Навални, водечки критичар на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата со авион, додека бил во кома, бил пренесен на лекување во Берлин откако се онесвестил во авион минатата недела додека се враќал во Москва од Сибир.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург