Утрински Весник
Свет

Русија почна нова фаза на тестирање на вакцината против Ковид-19

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија започна нова фаза на клиничко испитување на претходно одобрената вакцина против коронавирус наречена „Спутник V“, во која ќе учествуваат повеќе од 40.000 луѓе во Москва, објави рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ).

РДИФ најави дека слични тестови ќе се одвиваат во уште пет земји.

Руските власти претходно објавија дека вакцината е безбедна и ефикасна, по два месеци тестирање во мал обем, чии резултати сè уште не се јавни.

Русија на средината на август објави дека ќе започне со производство на првата серија на вакцината, развиена од московскиот институт „Гамалеја“, најавувајќи дека ќе произведува околу пет милиони дози месечно до декември или јануари.

Вакцината беше одобрена пред вообичаените испитувања спроведени врз илјадници луѓе, познати како фаза III, кои се клучни за добивање на зелено светло од регулаторите.

Вакцината „Спутник V“ е именувана по првиот сателит кој Советскиот сојуз го лансира во 1957 година.

Претседателот, Владимир Путин, ја уверува јавноста дека вакцината е безбедна и кажа дека една од неговите ќерки ја примиила вакцината и дека се чувствува добро по вакцинацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин