Денес целата јавност виде како скандалозно Заев нарачува судски ослободителен епилог за еден очигледен криминал направен од неговата валст, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека станува збор за уште еден доказ оти „Луј Витон правосудството“ на Заев продолжува да работи по неговите насоки.
„Тој денес за случајот со дијализите, односно случајот Рекет 2, дава насоки да се забошоти случајот во кој негови блиски соработници, ако не и самиот тој, се директно фатени во милионски криминал.
Токму поврзано со овој случај во јавноста се појавија видео материјали во кои поранешниот директор на ФЗОМ зема снопчиња пари и ги става во својата чанта. И наместо затвор истиот тој беше награден со апанажа. Во истиот случај со Дијамед длабоко се заглавени и министерот Филипче и омилениот криминалец на власта, Зоран Милевски кои изнудувале пари од оваа фирма“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат и дека сега Заев без срам јавно дава насоки на правосудните органи како да го водат случајот и како да ги амнестираат неговите соработници.
„Ова само покажува дека со Заев нема да има ниту правда, ниту правна држава. Аболицираниот криминалец се обидува да ги ослободи од одговорност и неговите соработници криминалци“, се наведува во партиската рекација во која се додава дека ова само покажува оти Македонија со Заев ќе тоне во криминал и корупција.