Амбасадата на САД во Светата столица денеска, за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи на Рим, ја обвини Кинеската комунистичка партија (ККП) за кражба на американска технологија и интелектуална сопственост.
Во порака без преседан на Твитер, официјалниот акаунт на Амбасадата на САД објави илустација со генералниот секретар на ККП, Сји Ѓинпинг, со текст во кој се вели: „Кинеската комунистичка партија краде американска технологија и интелектуална сопственост за да ја изгради својата воена и економска моќ“.
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг, Ји во вторникот пристигна во Рим за да се сретне со својот италијански колега Луиџи Ди Мајо. Во март 2019 година, Италија стана првата голема европска економија што се приклучи на меѓународниот проект за инфраструктура во Кина, иницијатива „Белт енд роуд“ (БРИ).
Според италијанската новинска агенција АНСА, целта на посетата на Рим на Ванг е да се придобие ЕУ против Америка на Трамп.
Самиот Ванг изјави дека тргнува на турнеја низ европските престолнини, почнувајќи со Италија, за зајакнување на односите меѓу Кина и ЕУ соочена на неодредени „надворешни сили“ кои се закануваат со провокација и штета на овие односи.
На прес-конференцијата во вторникот, Ванг го впери прстот кон „ветерот на унилатерализам и на Студената војна“ што се чувствува во светот, движење што Кина нема намера да го дозволи. АНСА го нарече коментарот на Ванг прикриена алузија кон САД на Доналд Трамп.
https://t.co/lGSu1kHyun pic.twitter.com/4ziLjqnran
— U.S. in Holy See (@USinHolySee) August 26, 2020
Ванг ја претстави актуелната американска администрација како млако, ако не е и отворено, непријателски расположена кон ЕУ, додека Кина е секогаш сигурен пријател, тврдејќи дека „обединета, стабилна и просперитетна Европа е важна за целиот свет“.
Кинескиот министер, исто така, вети помош во надминувањето на пандемијата на коронавирус и во справувањето со последиците од економската криза што сериозно се чувствува во Италија.
Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, рече дека Италија има намера да изигрува „мост“ помеѓу суперсилите што во судир. Иако потврди дека земјата ќе ја задржи вербата во своите историски сојузи со САД и НАТО, Ди Мајо додаде дека Кина сега е неизбежен играч во какво било меѓународно сценарио и важен партнер за Италија.