Утрински Весник
Свет

(Видео) Тешко вооружени демонстранти се судрија со оклопен полициски камион во Кеноша

(Видео) Тешко вооружени демонстранти се судрија со оклопен полициски камион во Кеноша

Група тешко вооружени демонстранти во Кеноша биле снимени при нападот со солзавец за време на напнатиот судир со полициските службеници во оклопен полициски камион во Кеноша, Висконсин, пренесува „Њујорк пост“.

Видеото, снимено од репортер на местото на настанот, прикажува неколку мажи со полуавтоматско оружје како им се придружуваат на другите за да се соочат со полицајците во возилото во хаотичните немири по полициското пукање во Џејкоб Блејк.

„Ќе ни фрлат солзавец!“ вика еден маж со пушка на почетокот на двоминутното видео додека стои до полицискиот камион.

„Вие сте проклети кукавици!“ вика друг човек од толпата.

Додека полицајците во возилото полека се движат напред, групата се движи поблиску околу камионот, блокирајќи му го патот. На крајот, полицајците зпочнуваат да фрлаат канистри со солзавец кон толпата. Групата се распрснува додека некои демонстранти се обидуваат да ги клоцнат или да ги тргнат настрана канистерите.

Потоа се слушаат неколку гласни тресоци додека камионот се пробива низ улицата, а минувачите извикуваа антиполициски пароли.

Сцената е само еден од неколкуте насилни инциденти од понеделникот вечерта, кога демонстрантите запалија автомобили, кршеа прозорци и се судрија со интервентната полиција.  Во градот беа забележани групи вооружени лица кои тврдеа дека ги штитат деловните субјекти и демонстрантите за време на немирите.

Афроамериканецот Блејк останува хоспитализиран откако беше застрелан седум пати во грбот, од непосредна близина, од бел полицаец кој се обидувал да го спречи да влезе во неговиот автомобил во неделата попладне.

Адвокатот на Блејк, Бен Крамп, рече дека неговиот клиент повеќе никогаш нема да оди. Неговото семејство бара сите тројца полицајци на местото на настанот да бидат отпуштени од работа, а неидентификуваниот полицаец кој пукал да биде уапсен и обвинет за обид за убиство.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го повика гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, да ја донесе Националната гарда за да ги задуши протестите иако Еверс веќе го стори тоа во понеделникот.

„Гувернерот треба да се јави во Националната гарда во Висконсин. Таа е подготвена и повеќе од способна. Ставете му крај на проблемот БРЗО“,  напиша Трамп на Твитер.

Мајката на Блејк, Џулија Џексон, ги повика демонстрантите да останат мирни.

„Додека се возев до овде, низ овој град, забележав голема штета“, рече таа. „Тоа не го отсликува мојот син или моето семејство. Ако Џејкоб знаеше што се случува, за насилството и уништувањето, тој ќе беше многу незадоволен“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме