Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „Видое Смилевски Бато“, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата „Февруарски поход“.

Како што информираат градските власти, со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри.

Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

Градоначалникот Шилегов посочи дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Панел дискусија „Кој е авторот во ера на вештачка интелигенција?“

Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 

Македонија повторно во очекување на поројни врнежи и на невреме!