Утрински Весник
Свет

Африкански мигрант: Вандализмот на гробиштата беше дар за сатаната

Африкански мигрант: Вандализмот на гробиштата беше дар за сатаната

Две момчиња признаа дека осквернавиле и вандализирале 63 гроба во француските гробишта на почетокот од овој месец, тврдејќи дека делото претставувало дар за сатаната за да им помогне на нивните музички кариери, пренесува „Ла републик де Пиринеј“.

Момчињата, на возраст од 23 и 24 години, беа уапсен минатата недела и подоцна го признаа злосторството, со еден од нив, мигрант од Камерун по име Фабиен, посочил дека уништувањето на гробиштата, што се случи на 9 август во Ланемезан, било пакт со ѓаволот за успех во музиката.

Мигрантот признал дека бил во контакт со марабур, традиционално муслимански свештеник во Африка, од Мали, за кој тврди дека го советувал да го отстрани она што го претставува Бог и да го замени со 666, и да принесе жртви за да му се спротивстави на Бога.

Другиот инволвиран, по име Џордан, рекол дека Фабиен сакал да повика демони иако се посочувало дека и самиот учествувал во ритуалите.

Двете момчиња ѝ се добро познати на полицијата во одделот Хот-Пиринеј и биле уапсени откако едниот го загубил својот мобилен телефон на местото на злосторството, а друг оставил траги од крв откако се повредил за време на дивеењето.

Вкупната штета на гробиштата се проценува на околу 30.000 евра и обвинителите бараат затворска казна од 18 месеци за Фабиен и 12 месеци за Џордан. Во судот била прочитана изјавата на Фабиен во која вели дека не може да се исклучи повторното вршење на делото.

Нападот на гробиштата е најновиот чин на антихристијански вандализам или насилство во Франција, каде што има околу три антихристијански напади на ден, се вели во извештајот објавен минатата година од Централната служба за криминалистичко разузнавање (СЦРЦ) на полицијата.

Претходно овој месец во општината Ниор беа уништени три статуи во повторени напади на вандализам на историска црква изградена во 11 век. Во мај, во напад врз црква во Бержерак во регионот Дордоњ, крадците украле осветени хостии, инцидент забележан и од Опсерваторијата за христијанофобија, група посветена на документирање на антихристијанските напади, која посочи дека инцидентот може да е поврзан со сатанизмот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година