Утрински Весник
Свет

Коронавирус во одделот за микробиологија во Загреб, цела смена во изолација

Рекорден број новозаразени во Хрватска

Звонимир Шостар, раководител на загребскиот Завод за здравство, денеска соопшти дека коронавирусот влегол во одделот за микробиологија во Институтот за јавно здравје „Андрија Штампар“.

„Ковид влезе во микробиологија. Една цела смена е во изолација, така што, ова е уште еден проблем за нас“, рече Шостар.

Според неофицијални информации, заразени се неколку вработени, пренесуваат хрватските медиуми.

„Во изолација се 14 вработени и тоа создава голем проблем за нас, но ќе се обидеме корисниците што е можно помалку да го почувствуваат тоа. Доколку не можеме да ги процесираме наодите за 24 часа, ќе ги направиме за максимум 48 часа“, изјави Шостар за „Индекс“.

Тој истакнал и дека добил дозвола од градоначалникот на Загреб да ангажира повеќе лабораториски техничари и инженери, онолку колку што се потребни.

„Проблемот е што на пазарот на труд нема микробиолози, но ќе ангажираме повеќе лабораториски техничари. Сè уште не го знам точниот број, ќе одам на состанок со градоначалникот“, рече Шостар.

Тестирањето во Институтот за јавно здравје ќе продолжи од 8 часот наутро до 4 часот попладне, но резултатите ќе доцнат поради недостиг на персонал.

Во последните 24 часа во Загреб се регистрирани 67 нови случаи на коронавирус. Во самоизолација има 119 лица.

„Мојот црни предвидувања се остварија“, рече Шостар на прес-конференцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд