Утрински Весник
Свет

Ирски министер поднесе оставка зошто бил на вечера со 80 луѓе и ги прекршил мерките

Ирски министер поднесе оставка зошто бил на вечера со 80 луѓе и ги прекршил мерките

Ирскиот министер за замјоделство, Дара Калари поднесе оставка откако било откриено дека минатата недела учествувал на свечена вечера, на која имало 80 луѓе, што е повеќе од тоа што го дозволуваат ирските мерки за собирања за време на пандемијата на коронавирус.

Во Ирска се забранети собирања на повеќе од 50 луѓе.

Колку што е познато досега, на вечерата не бил забележан ниту еден случај на зараза, но скандал избил поради фактот што на вечерата учествувале бројни високи функционери и со тоа ги прекршиле мерките за собирања.

Министерот Калари на Твитер објави извинување, но наиде на жестоки критики па беше принуден да даде оставка.

„ Министерот за земјоделство поднесе оставка од функцијата. Одлуката веднаш стапува на сила“ изјавил неговиот портпарол.

„ Во светло на ажурираните насоки на јавното здравство, не требаше да присуствувам на тој настан. На сите им се извинувам. Исто така се извинувам и изразувам искрено жалење на моите колеги во владата“ рекол алари.

Тој на местото министер беше само 37 дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус