Утрински Весник
Свет

Пристигнува ураганот Лора, се евакуираат повеќе од половина милион луѓе во Тексас и Луизијана

Пристигнува ураганот Лора, се евакуираат повеќе од половина милион луѓе во Тексас и Луизијана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На повеќе од половина милион жители на американскиот брег на Мексиканскиот Залив им е наредено да се евакуираат заради претстојниот ураган Лора што може да ги погоди Тексас и Луизијана.

Се стравува дека ураганот придружуван од силни ветрови ќе предизвика поплави и големи бранови, пренесува АП.

Повеќе од 385.000 луѓе треба да бидат евакуирани од градовите Бомонт, Галвестон и Порт Артур во Тексас, а наредена е и евакуација на 200.000 жители на пониските области во југозападна Луизијана, каде што брановите високи до четири метри би можеле да поплават цели места.

Националниот центар за урагани предвидува дека Лора, поради топлата вода во заливот, ќе се засили во ураган од трета категорија пред да го погоди копното, со ветрови од 185 километри на час што може да предизвикаат катастрофални штети.

„Во крајна линија е дека силниот ураган ќе го погоди копното доцна во среда или рано во четврток“, рече заменик-директорот на Националниот центар за урагани, Ед Рапапорт, пренесува „Гласот на Америка“.

Ураганот Лора помина покрај Куба, откако однесе најмалку 20 животи во Доминиканската Република и три на Хаити, каде што доведе до прекини на електрична енергија и поплави.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин