Утрински Весник
Македонија

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври
Dik 300x250 mk

Тенденцијата на новата Влада ќе биде учебната година да започне на 1 октомври, рече мандаторот Зоран Заев, според кого, тоа е опција за да се спроведат протоколите, промена на законите, како и комплетна подготовка на онлајн-платформите за учење.

„Владата ќе ги донесе сите одлуки навремено, каде веќе се изградени политиките врз основа на здравствената комисија, проценките на образовните профили во државата и имаме од прилика чиста ситуација. На првата седница ќе ги донесеме сите конкретни одлуки. Почетокот на школската година ќе биде на 1 октомври, дека ќе почне со селекција на еден дел на децата кои што треба да ги описмениме, а тоа се првите одделенија, а онлајн наставата ќе биде концепт за сите, со проценки на самите општини и слично. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје, како и здравјето на нивните семејства“, рече Заев.

Одлуката ќе биде донесена на првата седница на Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!