Утрински Весник
Македонија

Притвор за тетовецот кој силувал три деца

Притвор за тетовецот кој силувал три деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела – Силување.

Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото.

По донесување на Наредба за спроведување истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвиниелството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари

14 години од смртта на Киро Глигоров – таткото на македонската независност

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад