Утрински Весник
Спорт

Меси си го одбрал новиот клуб

Меси си го одбрал новиот клуб

Фудбалскиот свет се уште е во шок по објавата дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона. Аргентинецот две децении е дел од клубот, 17 од нив е во првиот тим.

Радиото „Каталуња 1“, пред недела објави дека Меси ќе ја напушти Барселона, тврди дека фудбалерот решил каде сака да ја продолжи кариерата.

Според овој извор тој веќе стапил со Пеп Гвардиола и прифатил да потпише три годишен договор.

Радиото наведува дека пред три дена Меси му се јавил на Гвардиола и му кажал дека сака да се пресели во Премиер лигата.

Меси и Гвардиола имаа успешна соработка во периодот 2008-2012 година кога Барселона освои две титули во Лигата на шампионите, а тој тим за многумина е најдоминантниот во историјата на фудбалот.

Се шпекулира дека Манчестер сити биле подготвени да издвојат 210 милиони евра за трансферот на Меси. „Граѓаните“ веднаш би упатиле 130 милиони евра, а останатите 80 милиони евра Барселона би ги добиле во наредните три години.

Од друга страна Барселона бара да биде исплатена откупната клаузула од 700 милиони евра. Синоќа шпанските медиуми најавија дека Меси има намера и по судски пат да бара разделба со клубот.

> Меси си го одбрал новиот клуб <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига