Утрински Весник
Свет

(Видео) Рама со обраќање на српски: Мило, фала ти што постоиш!

(Видео) Рама со обраќање на српски: Мило, фала ти што постоиш!

Во финишот на предизборната кампања во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите доби поддршка од албанскиот премиер Еди Рама, објави „Спутник“, повикувајќи се на информации од црногорски портали.

Како што се наведува, албанскиот премиер снимил видео порака со поддршка за Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, во која се обраќа на англиски јазик, но во одредени моменти додава и реченици на српски како „Решително за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС и додава: „Драг Мило, благодарам што постоиш“, пренесува „Спутник“.

Тој зборува и за добрите односи меѓу него и Ѓукановиќ, пријателството што тие го имаат и на тој начин им дава поддршка на властите во Црна Гора.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела