Утрински Весник
Свет

Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот на центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на министерството.

„Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината ’Гам-КОВИД-Вак-Лио’, развиена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија ’Гамалеј’ на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инекција“, се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања, за време на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на државниот медицински универзитет „Сеченов“ во Москва.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија