Утрински Весник
Свет

На 18 месеци затвор казнето момчето кое уништи позната слика на Пикасо

На 18 месеци затвор казнето момчето кое уништи позната слика на Пикасо

Во Лондон денеска е осуден човекот кој уништи слика од Пабло Пикасо вредна 20 милиони фунти, а која беше изложена во галеријата „Тејт модерн“, јавува Би-би-си.

Шакил Масеј (20) призна дека на 28 декември минатата година ја уништил сликата од 1944 година. Поправката на сликата, како што рекоа експертите за време на судењето, ќе трае до 18 месеци и ќе чини до 35 илјади фунти.

Масеј поради уништувањето на сликата е осуден на 18 месеци затвор. Сликата неколку пати ја удрил со катанец, а потоа ја симнал од ѕидот и ја фрлил на подот.

За време на изрекувањето на казната, судијата рече дека постапката на Масеј била само обид да ги добие своите пет минути на слава. Кога полицијата го уапсила, Масеј рекол дека станува збор за перформанс.

Уништеното дело ја прикажува љубовницата на Пикасо, Дора Мар, а е создадено во мај 1944 година во Париз во последните месеци од нацистичката окупација. Тоа е во приватна сопственост и е на позајмица во галеријата Тејт Модерн од 2011 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист