Утрински Весник
Економија

Народна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата

НБРМ: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Народната банка во соопштение реагира на денешниот јавен апел на Трифун Костовски, сопственикот на „Еусростандард банка“ да се повлече одлуката за стечај на банката.

„Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните“, велат од Народната банка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Стандард и Пурс”: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk