Утрински Весник
Свет

Поради грешка на кинеската опрема, 3.700 Швеѓани добиле неточни резултати за коронавирус

За прв пат по две недели, во Јапонија регистрирани помалку од 1.000 новозаболени

Околу 3.700 луѓе во Шведска добиле неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка на опремата за тестирање за Ковид-19, која пристигнала од Кина.

Ова го соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на таа земја.

Според агенцијата, опремата на компанијата „BGI Genomics“ не може да ја забележи разликата помеѓу многу ниско ниво на инфекција со вирусот и негативен резултат, пренесува „Ројтерс“.

„Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите потребни за користење на овој тест“, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на одделот за микробиологија на Агенцијата.

Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не даде повеќе детали за тоа.

Властите соопштија дека погрешните резултати имаат мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со вирусот во земјата.

Агенцијата денес објави дека, од избувнувањето на пандемијата, потврдени се 86.891 случај на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд