Утрински Весник
Македонија

Ласовска: Новоизбраните пратеници се нелегитимно одбрани, се повлекувам од Комисијата

Ласовска: Новоизбраните пратеници се нелегитимно одбрани, се повлекувам од Комисијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, Благица Ласовска, денеска на Верификационата собраниската комисија истакна дека мандатот на пратеници од комисијата е завршен, посочувајќи дека доколку се продолжи со работа еклатантно се крши Деловникот на Собранието на Република Македонија.

„Сакам да укажам дека нашата работа и нашиот мандат е замрен. Како верификациона комисија ние постоиме исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. Нашиот мандат е завршен и со тоа нашите надлежности се исцрпени и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сакаме повеќе од учествуваме во работата на ова комисија и еве препорачувам до вас сите да престанеме да работиме бидејќи ако продолжиме со работа еклатантно го кршиме Деловникот“, посочи Ласовска.

Според неа. потребно е да се работи исклучиво според Деловникот на Собранието, а не според како што рече таа, погрешните парламентарни пракси, потенцирајќи дека нема повеќе да учествува во работата на комисијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје