Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со луѓе блиски до власта организираше фингирана расправа за Универзалната сала

Град Скопје разгледува три опции во врска со Универзална сала

Петре Шилегов денеска организираше фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, додавајќи дека поголемиот дел од учесниците во неа биле луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт.

„Изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Шилегов е на идеја да гради концертна сала во срцето на Градскиот парк со што, како што велат, дополнително ќе се уништи и зафати тој простор.

„Прашањето е на што да му се верува на Шилегов кога вели дека нема пари за реставрација на Универзалната сала или кога денес соопшти дека ќе има нова концертна сала“, јавно прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат Шилегов да изгради дефинитивен став за иднината на Универзална сала, да се спречи уништување на Градскиот парк и да се организира вистинска јавна дебата на која фелата и скопјани ќе може да се изјаснат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт