Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување на вонредна состојба кои треба да ги потврди Собранието

Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување на вонредна состојба кои треба да ги потврди Собранието

Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со кои беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на коронавирусот, за потврдување од страна на Собранието.

Од претседателскиот кабинет потсетуваат дека одлуките беа донесени во периодот од март до јуни годинава на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да се одржи седница на која би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер