Утрински Весник
Македонија

Силјановска Давкова: Ако може Швајцарскиот совет да има двајца потпретседатели, чуму ни се нам пет

Силјановска Давкова: Ако може Швајцарскиот совет да има двајца потпретседатели, чуму ни се нам пет
Dik 300x250 mk

На денешната собраниска седница се обрати и Гордана Силјановска Давкова, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија, истакнувајќи дека на Собранието не му се потребни пет потпретседатели, туку само двајца.

„ Во време на Ковид криза, во време кога сите ги рационализираат статусите, обврските, ние остануваме на пет потпретседатели. Очекував да ги намалите на двајца. Зошто тврдам дека во компаративното парламентарното право според бројот на пратениците ние имаме најголем број на потпретседатели“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека сето ова е непотребно и дека веќе станува збор за битка на статус за жал.

„ Парламентот нема да има корист од толкав број на потпретседатели. Само од сето ова Македонија ќе има трошоци. Ако може Швајцарскиот совет да има двајца потпретседатели, прв и втор, не ми е јасно чуму ни се нам пет“, запраша Силјановска Давкова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи