Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Воведувањето на 5 потпретседатели во Собранието ќе значи дополнителни трошоци во буџетот

Мицевски: Воведувањето на 5 потпретседатели во Собранието ќе значи дополнителни трошоци во буџетот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната пленарна седница побара втората точка од денешниот дневен ред, предлог-одлуката за одредување на бројот на потпретседатели да се тргне од дневен ред.

„ Барам втората точка од денешниот дневен ред предлог-одлука за одредување на бројот на потпретседатели да се тргне од дневен ред од една и единствена причина затоа што како и 2017 година продолжувате со зголемените обврски и трошоци кои што ги предизвикуваат овие дополнителни функции кои што ги имате, истакна Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Според Мицевски несериозна работа ќе се воведеме во сала полна со пратеници ќе се повикаат потпретседатели и нема да знае кој да се сврти во моментов. Тој укажа дека во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани и тој амандман од страна на власта и собраниското мнозинство не бил ниту разгледан.

„ Ние сме против ова расипничко трошење и воведување на 5 потпретседатели кои што со себе повлекуваат 5 кабинети. Знаеме што значат 5 кабинети и колкава е обврската имајќи во предвид дека во изминативе три години господинот Џафери, освен еден потпретседател ниту еден потпретседател не го замени. Ако е само тоа да се задоволат коалиционите страсти јас ве разбирам, меѓутоа неможете пред македонската јавност да кажувате дека се борите за намалување на трошоците, за намалување на обврските и за зачувување на средства во буџетот, додаде Мицевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија