Утрински Весник
Свет

Во рација во хотел во Истанбул уапсен припадник на Исламска држава

Во рација во хотел во Истанбул уапсен припадник на Исламска држава

Полицијата во Истанбул уапси маж осомничен дека е припадник на Исламска држава и дека планирал да изврши напад во овој град.

Како што пренесе турската државна агенција „Анадолија“, осомничениот е уапсен за време на рација во хотел во сиромашна населба во Истанбул, каде полицијата запленила автоматска пушка и резервна муниција.

Според информациите, уапсениот планирал да изврши „сензационален“ напад на истанбулскиот главен плоштад Таксим и во околното подрачје.

Тој илегално влегол во Турција од Сирија, пишува Асошиејтед прес.

Ова е вторпат во текот на овој месец полицијата да пријави напади од можни милитанти на Исламска држава. Пред две недели во северозападната провинција Бурса, беше уапсен маж за кого се претпоставува дека е припадник на Исламска држава и дека планирал напад на полициска станица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија