Утрински Весник
Свет

Израел продолжува со напади во Газа како одговор на запаливи балони на терористичката Хамас

Израел продолжува со напади во Газа како одговор на запаливи балони на терористичката Хамас

Израелските тенкови и авиони извршија нови напади врз целите на Хамас во Појасот Газа во текот на ноќта како одговор на лансирањето на т.н. запаливи балони преку границата, соопшти изралската армијата, пренесува „Анадолија“.

Израелската армија соопшти нејзините воени авиони и тенкови таргетирале тунел на Хамас и некои воени пунктови во јужниот дел на Газа. Палестински извори велат дека израелската војска бомбардирала празни полиња и некои набљудувачки пунктови кои припаѓале на бригадите „Изеддин ал-Касам“, вооруженото крило на Хамас.

Нема извештаи за жртви и повредени. Израел ја бомбардира енклавата управувана од Хамас скоро секој ден од 6 август, како одговор на воздушните пожари и поретко, ракетите лансирани преку границата.

Разгорувањето доаѓа откако американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера го посети Израел, а британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, денеска треба да одржи разговори во Израел и во палестинските територии.

Огнените балони – импровизирани запаливи уреди прикачени на надуени балони, кондоми или пластични кеси – предизвикаа неколку пожари на обработливо земјиште во јужен Израел и значителна штета на земјоделските култури. Тие се сметаат за обид на Хамас да ги подобри условите за неформално примирје според кое Израел се обврза да ја олесни својата 13-годишна блокада за возврат за враќање на мирот  на границата.

Но, реакцијата на Израел досега беше заострување на блокадата. Израел им забрани на рибарите од Газа да одат на море и ги затворија премините за стоки што минуваат преку територијата, предизвикувајќи затворање на единствената електроцентрала во Газа поради недостиг од гориво.

Египетска делегација се обидува да посредува за обнова на примирјето, но досега без резултат. Египет во последните неколку години ги смируваше постојаните ерупции на насилства за да спречи повторување на трите војни што Израел и Хамас ги водеа од 2008 година.

Најновиот прекин на огнот, кој веќе беше обновен неколку пати, е засилен со милиони долари финансиска помош од Катар до Газа. Примирјето предвидува дозволи за работа во Израел за жителите на Газа и финансирање на развојни проекти во Газа- двете мерки што ќе обезбедат одредено економско олеснување на сиромашна територија каде невработеноста надминува 50 отсто.

Според извор близок до Хамас, движењето сака проширување на индустриска зона на истокот на Газа и изградба на нов далновод. Хамас исто така сака бројот на израелските работни дозволи да се удвои на 10,000 откако ќе бидат укинати ограничувањата поради Ковид-19.

Во понеделникот, претставниците на Хамас објавија 48-часовен полициски час на територијата откако беа потврдени четири случаи на коронавирус во кампот за бегалци во Појасот Газа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Турција го блокира „Инстаграм” – 24info.mk