Утрински Весник
Македонија

Еден човек загина во тешка сообраќајка кај Страцин, меѓу повредените и едногодишно дете

Во сообраќајка на патот Велес-Штип двајца повредени

Еден човек загина и петмина се повредени, меѓу кои и едногодишно дете, во тешка сообраќајна несреќа што вчера случи во село Страцин, кратовско.

Несреќата се случила помеѓу две возила – „голф“ и „бмв“.

Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф“, В.Ј. (53) од с.Костин Дол-Македонска Каменица, а додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило В.Ј.(50), Н.Ј.(20) и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар Куманово. Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово за укажување на лекарска помош.

Извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Инспекторите извршиле 43 вонредни инспекциски надзори од почетокот на ноември, кривични пријави за загадувачите

Почина познатиот пејач Шпат Касапи

Дрвокрадци камикази се судриле со шумска полиција, две лица приведени, а по две се трага