Утрински Весник
Свет

Во Русија нови 4.696 случаи на Ковид-19

Во Русија нови 4.696 случаи на Ковид-19

Во Русија се потврдени уште 4.696 случаи на коронавирус, а вкупниот број на инфицирани достигна 966.189, соопштија здравствените власти.

Од Ковид-19 починале уште 120 луѓе, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 16.568, пренесе ТАСС.

Од коронавирус оздравеле уште 6.652 пациенти, а вкупниот број на оние кои го победиле вирусот е 779.747.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела