Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Полошо од здравствената криза е епидемијата од корупција и неспособност

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот

„Македонија со Заев е земја во која власта се богати, а народот ја плаќа нивната криминогеност со здравје и живот.Македонија со над 13 илјади заболени и над 500 починати од епидемијата со корона вирус е црна точка во Европа и црн рекордер во регионот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, полошо од здравствената криза е епидемијата од корупција и неспособност наречена Зоран Заев.

„Додека се богати неговиот картел економијата и државата тонат. Заради нивното неодговорно работење народот ќе плаќа 7,5% повисока цена на струјата. Македонија е единствена земја во регионот каде што поскапува овој енергенс. Истовремено компании од енергетскиот сектор, кои пријавуваат понизок профит, плаќаат милионски суми на струмички фирми. Македонија е исто така единствена земја на која и пропадна банка, скандал тежок над 150 милиони евра, ама затоа министерката за финансии Нина Ангеловска успеала да го извлече својот депозит од 250 илјади евра од истата таа банка. За жал додека Нина Ангеловска и неколку фирми блиски до власта на Заев успеале, 90 илјади граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Дополнително оваа расипничка власт на Заев ја задолжи Македонија со 1 милијарда нов долг за само три месеци, со што секое просечно семејство го задолжи со нови 2.000 евра. Притоа не успеа да направи ништо што ќе ја спаси економијата или ќе го заштити стандардот на граѓаните. Нема капитални инвестиции, ама затоа сите пари отидоа на предизборен поткуп. Експертите предупредуваат дека од есен државата ќе нема пари да ги сервисира основните обврски и ќе мора пак да се задолжува, за да се покрие криминогеноста и неспособноста на картелот на власт“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт