Утрински Весник
Македонија

Трајко Вељаноски: Нема економска оправданост и причина Собранието да има пет потпретседатели

Нема економска оправданост и причина Собранието да има пет потпретседатели, смета поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.Во време на претходната власт од 2006-2008 година имаше тројца потпретседатели, од 2008-2011 година – 3 потпретседатели, од 2011-2014 година – 3 потпретседатели и од 2014-2016 година – тројца потпретседатели.

„За време на сегашнава власт од 2016-2020 година имаше 5 потпретседатели, како и од 2020-2024 година“, вели Вељаноски.

Тој во соопштение до јавноста наведува примери во други држави:
„Во САД има 435 пратеници и еден потпретседател, во Велика Британија има 650 пратеници – 3 потпретседатели, во Словенија има 90 пратеници и тројца потпретседатели, во Италија има 630 пратеници и 4 потпретседатели, и во Германија има 709 пратеници – 5 потпретседатели“, вели Вељаноски.

„Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија.Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, наведува Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието.

За денеска во 11 часот е закажана собраниска седница за предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието. Во предлог одлуката потпишана од собранискиот спикер Талат Џафери се наведува дека Собранието на Република Северна Македонија има пет потпретседатели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер