Утрински Весник
Свет

По средбата со Меркел, Грета се врати на училиште

По средбата со Меркел, Грета се врати на училиште

Шведската активистка за климатски промени, Грета Тунберг се врати на училиште по едногодишна пауза. Таа на Фејсбук објави дека завршила со едногодишната пауза и дека е убаво чувството повторно да се биде на училиште.

Во јуни 2019 година, Тунберг објави дека ќе прекине со школувањето за да може во наредните две години да се посвети на проблемите со климатските промени.

Таа минатата недела во Берлин се состанала со германската канцеларка Ангела Меркел, од која побарала да ја преземе водечката улога во глобалната борба против климатските промени.

„Таа има голема одговорност, но и голема шанса да ја преземе улогата на водечка личност во борбата против климатските промени“, изјави Тунберг по средбата со германската канцеларка.

Грета во петокот учествуваше на собирот посветен на борбата за зачувување на животната средина во Берлин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море