На индонезискиот остров Бали нема да биде дозволен влез на туристи до крајот на годинава. Откажан е планот да се отвори островот за посета на странски туристи од наредниот месец.
„На странските туристи нема да им биде дозволено да пристигнат пред крајот на 2020 година заради недоволно подобрување на состојбата со коронавирусот, рече гувернерот на индонезискиот остров Бали.
Бали од крајот на јули ги отвори плажи, храмови и други атракции за индонезиските туристи, а локалните власти најавија дека ќе бидат подготвени повторно да примат странски туристи од септември. Сепак, планот е одложен поради зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 во Индонезија.
Минатата година Бали го посетиле повеќе од шест милиони туристи, но пристигнувањето беше нагло запрено на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус.